Ова се најдобрите светски дестинации за 2025 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Сараево е прогласено за најдобрата светска дестинација за 2025 година, според изборот на читателите на „Нешнл џиограф травел“.
- Официјално е: Сараево е победник за 2025 според изборот на нашите читатели - напишаа на инстаграм-профилот на „Нешнл џиографик травел“.
Станува збор за листата „Најдоброто од светот за 2025“ која обезбедува дестинации што мора да се посетат во наредната година, избрани од истражувачи, фотографи и уредници на „Нешнл џиографик“.
„Нешнл џиографик“ наведува дека Сараево продолжува да ги инспирира љубопитните патници од целиот свет и не е изненадување што градот убедливо победи оваа година.
- Вековната историја на Сараево е вткаена во нејзината природна убавина, како реката Миљацка, која тече под повеќе од десетина мостови, вклучувајќи ги Латинскиот мост и Скендерија, пешачки мост изграден од истите материјали како Ајфеловата кула, според локалните приказни. Вљубениците во историјата можат да оддадат почит на отпорноста на градот на знаменитости како што е Тунелот на спасот. Љубителите на вино можат да ги вкусат познатите локални сорти. Авантуристите можат да одат на рафтинг на река, алпско скијање или планинарење до еден од најпрекрасните водопади во Европа - пишува „Нешнл џиографик“.
Заедно со Сараево еве како изгледа листата на најдобрите дестинации за 2025 година.
Сараево, Босна и Херцеговина
Хаида Гваи, Британска Колумбија
Боис, Ајдахо
Националната шума Окала, Флорида
Лос Анџелес, Калифорнија
Барбадос
Серадо, Бразил
Антигва, Гватемала
Гвадалахара, Мексико
Корк, Ирска
Стохолмскиот архипелаг, Шведска
Надворешни Хебриди, Шкотска
Гренланд
Брашов, Романија
Ценобитски манастири, Италија
Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
Тунис
Квазулу-Натал, Јужна Африка
Сенегал
Долината Суру, Индија
Раџа Ампат, Индонезија
Бангкок, Тајланд
Каназава, Јапонија
Источен и ориентален експрес, Малезија
Нортленд, Нов Зеланд
Реката Мари, Австралија
Фото: Freepik