Работа од соништата: Се бара лице што ќе тестира забавен парк
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Еден забавен парк од Флорида е во потрага по професионалец што ќе тестира забавен парк за да ги проба нивните сосема нови понуди за возење пред отворањето на новиот парк.
Веб-страницата „AtttractionTickets.com“ нуди апликации за она што некои можеби го сметаат за работа од соништата: тестирање и оценување на сите нови возења во најновиот забавен парк на „Јуниверсал“, „Епик јуниверс“.
„Епик јуниверс“ ќе биде домаќин на пет извонредни „светови“ во кои уживаат љубителите на паркот вклучувајќи „Волшебнички свет на Хари Потер“, „Министерство за магија“, „Нинтендо ворлд“ и многу други.
Ова ќе биде четврт забавен парк на „Јуниверсал“ во Орландо со нови ресторани, атракции и различни луди железници.
Можноста му нуди на еден кандидат и негов пријател да биде еден од првите што ќе го посети и тестира „Епик јуниверс“, како и да има бесплатен пристап до другите паркови во „Јуниверсал орландо ресорт“.
На кандидатот ќе му бидат платени летот, престојот во хотелот во паркот и ќе имаат на располагање 1.000 долари за трошење. Кандидатот и неговиот пријател ќе добие седум ноќевања во хотелот „Универсал Орландо ресорт“ во една стандардна соба, седумдневен влез во другите „Универсал“ паркови, како и еднодневен влез во „Епик јуниверс“ за да ги искусат световите.
Но, постои услов: како дел од работата на кандидатот, тестерот за забавен парк мора да ги рецензира и документира најдобрите возења, најдобрата храна, најдобрите можности за фотографирање и најдобрите понуди за забава во новиот парк.
Доколку сте заинтересирани за оваа работа од соништата, можете да аплицирате
ТУКА.
Треба да поднесете кратко видео (не подолго од три минути) во кое ќе објасните зошто баш вие би биле добар тестер за паркот.
Апликациите ќе се затворат на 15 ноември 2024 година, а официјалниоте тестер ќе биде објавен до 10 јануари 2025 година.
Извор:
Independent.co.uk
Фото: Freepik