Откриен „прекинувач“ кој овозможува уништување на клетките на ракот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во нова, револуционерна стратегија за борба против ракот, научниците од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис открија начин како да ги пробијат заштитните бариери околу канцерогените тумори. Пристапот вклучува активирање на таканаречена „темпирана бомба“ позната како Фас рецептор, кој се наоѓа на клетките што ги обложуваат крвните садови на туморот.
Фас рецепторот, кога е активиран од специфични антитела, предизвикува програмирана клеточна смрт, дозволувајќи им на имунолошките клетки да пристапат и да се борат против ракот. Обично занемарен во имунотерапијата за рак, Фас од неодамна се смета за клучен фактор.
Идентификуваните антитела дејствуваат како прекинувач за убивање на клетките, создавајќи простор за други антиканцерогени терапии за да стигнат до нивните цели во туморот. На пример, терапијата ЦАР-Т вклучува програмирање на белите крвни зрнца (Т-клетки) на пациентот да нападнат одредени канцерогени клетки. Сепак, овие клетки се соочуваат со предизвици во навлегувањето во клетките на кои им недостигаат препознатливите антигени пронајдени на клетките на туморот, ограничувајќи го успехот на овие терапии против цврстите тумори.
- Не е важно колку добро правиме антитела кои ги активираат имунолошките рецептори и Т-клетките доколку не можат да се доближат до клетките на туморот. Значи, мораме да отвориме простори за инфилтрирање на Т-клетките - објаснува Џогандер Тушир-Синг, еден од авторите на студијата.
Научниците развија две високо ефективни антитела кои се врзуваат за Фас рецепторите, предизвикувајќи клетките да се самоуништуваат во различни туморски клеточни линии, вклучително и модели на рак на јајчниците.
Ова откритие може да доведе до нови лекови кои ќе бидат поефективни во борбата против ракот.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay