Словенија со закон ја забрани глорификацијата на фашизмот и нацизмот - казни до 1.000 евра
Словенија со закон ја забрани глорификацијата на нацизмот и фашизмот, а меѓу историските држави и организации се и Независната држава Хрватска и усташите, како и групите за кои важи законот, а пропишаните казни се од 500 до 1.000 евра.
Постојниот словенечки Закон за јавен ред и мир е изменет со член со кој се забранува употреба на нацистички и фашистички симболи - знамиња, знаци, песни или униформи - како и однесување кое ги вознемирува другите со користењето на овие симболи.
Со овој закон Словенија првпат ја регулира фашистичката и нацистичка идеологија и симболи, заедно со списокот на земји кои соработувале со нацистичка Германија и списокот на нивните колаборационистички групи. Станува збор за организации или групи кои на територијата на денешна Република Словенија, за време на Втората светска војна, дејствувале со окупаторската нацистичка Германија (Третиот Рајх), Кралството Италија, Кралството Унгарија и независната држава Хрватска - стои во законот кој беше прифатен на крајот од минатата недела, а ќе стапи во сила три месеци по објавувањето во „Службен весник“.
Законот го предложиле пратеничките клубови Свобода, СД и Левица, наведувајќи дека забраната за величање на нацизмот и фашизмот е регулирана во повеќето демократски земји.
Извор: 6yka.com
Фото: Freepik