Како влијае шеќерот врз нашата кожа - ова се пет несакани ефекти

Како влијае шеќерот врз нашата кожа - ова се пет несакани ефекти

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

На многумина од нас шеќерот ни е слабост. Без разлика дали станува збор за парче чоколадо, торта или само залак од нешто слатко, тешко е да се игнорира таа желба. Иако уживањето во слатките може да изгледа добро и убаво во моментот, тоа е штетно за луѓето со дијабетес или срцеви проблеми. И не само тоа, премногу шеќер може да има штетно влијание врз нашата кожа. Истиот шеќер во кој толку многу уживаме може да предизвика појава на акни, да го забрза стареењето, па дури и да го оштети заштитниот слој на структурата на нашата кожа.

Кои се несаканите ефекти:

Го забрзува стареењето

Врската помеѓу шеќерот и здравјето на кожата покажува дека шеќерот може да предизвика предвремено стареење на кожата. Шеќерот придонесува за процес познат како гликација, каде што молекулите на шеќер се прикачуваат на протеините како колаген и еластин. Овие протеини се одговорни за одржување цврста, млада и еластична кожа. Како што се јавува гликација, овие протеини се оштетуваат, што доведува до фини линии, брчки и опуштена кожа.

Придонесува за појава на акни

Шеќерот и здравјето на кожата се исто така поврзани кога станува збор за акните. Јадењето многу шеќер предизвикува скокови во нивото на инсулин, што може да го зголеми производството на маснотии во кожата. Тие може да ги затнат порите и да придонесат за појава на акни.

Ги оштетува колагенот и еластинот


Шеќерот и здравјето на кожата се дополнително поврзани преку ефектот на шеќерот врз колагенот и еластинот. Тие се одговорни за мазна и еластична кожа. Кога шеќерот се консумира во големи количини, тој се врзува за овие влакна, слабеејќи ги и со текот на времето ја прави кожата посклона кон брчки, опуштеност и сувост.

Ја влошува псоријазата

Друг несакан ефект е псоријазата. Тоа е автоимуна состојба која предизвикува црвени, лушпести дамки на кожата, кои често доведуваат до наслаги и лупење. Истражувањата покажале дека шеќерот може да ги влоши симптомите на псоријазата со тоа што предизвикува воспаление во телото, потенцијално зголемувајќи го ризикот од сериозно избувнување.

Го зголемува воспалението на кожата

Ова е еден од најчестите несакани ефекти на шеќерот и промовира воспаление низ телото, а кожата не е исклучок. Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да предизвика ослободување на проинфламаторни цитокини, што може да доведе до кожни заболувања како што се егзема, розацеа и општо црвенило или оток. Ова постојано воспаление, исто така, може да го загрози процесот на заздравување на кожата, што ќе доведе до подолго време за закрепнување.

Светската здравствена организација препорачува додадените шеќери - кои се наоѓаат во храната, пијалаците, па дури и природните извори како медот и овошните сокови - да бидат ограничени на не повеќе од 10 проценти од дневните калории. За оптимално здравје, предлага дополнително намалување на околу 5 проценти од вкупниот дневен внес.

Американското здружение за срце поставува конкретни упатства, советувајќи ги жените да консумираат не повеќе од 100 калории од додадените шеќери (околу 6 лажички), а мажите да консумираат не повеќе од 150 калории (околу 9 лажички) дневно. Сепак, многу луѓе ги надминуваат овие граници, што придонесува за здравствени проблеми како што се дебелина, дијабетес и срцеви заболувања. Намалувањето на внесот на шеќер е од суштинско значење за одржување на долгорочно здравје и спречување хронични болести.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik