„По скалилата на успехот“ со Тања Кочовска, за барањата на студентите од УКЛО, за наставникот Иле Михајловски, кандидат за наградата најдобар наставник во светот... Што пишувавме неделава
„По скалилата на успехот“ со глумицата Тања Кочовска: „Уште десет пати да се родам, пак би била актерка“
Вљубениците во театарот ја препознаваат по нејзината природна глума и големата смисла за хумор, а љубителите на музиката по макфестовските евергрини „Твоите очи мој сине“ и „Еми“. Иако маестрална во музичката интерпретација, со премногу моќен вокал, што секако го носи во гените зашто е ќерка на легендарните музичари Панче и Невена Кочовски од составот „Мањифико“, сепак не сакала да стане музичар. Глумата ја маѓепсала уште во средношколските денови. И никогаш не зажалила што го следела својот сон и станала актерка.
Денес, по многу одиграни премиери, понекогаш и по три претстави на ден, одглумени премногу улоги, вели дека уште десет пати да се роди, пак би била актерка и ништо друго.