Со пливање во студена вода против депресијата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Принудена да го напушти својот дом во Украина поради војната, Свитлана Сакно се борела со депресија и приспособување на нејзиниот нов живот во Ирска.
Нејзиното ментално здравје сериозно се влошило, до тој степен што не можела ни да јаде.
Тогаш лекар од Ирска ѝ препишал антидепресиви, но ѝ предложил и необична активност: пливање во студеното море.
Краткото потопување во студена вода може да го подобри физичкото и менталното здравје, а експертите веруваат дека тоа е поврзано со ослободувањето на хормоните на стрес.
- Потребни се многу сила и храброст за да се влезе во студената вода, но се чувствувам многу подобро - вели Свитлана.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC