„Јутјуб“ воведува поевтина верзија на претплата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Јутјуб“ се подготвува официјално да ја лансира „Јутјуб премиум лајт“, поевтина верзија на својата платена услуга, на неколку пазари. Оваа опција најпрво ќе биде достапна во САД, Австралија, Германија и Тајланд.
Новата претплата е наменета за корисници кои главно сакаат да гледаат содржини што не се музички видеа, но засега нема информации за цената.
„Јутјуб премиум лајт“ беше најавена во некои европски земји уште во 2021 година, но во 2023 година компанијата се откажа од оваа идеја.
Во изминатите месеци повторно беше тестирана оваа услуга. Некои од тестерите изјавиле дека „имала ограничен број реклами“ и дека во Австралија чинела 9 долари, во споредба со стандардниот „Јутјуб премиум“ кој чини 17 долари.
Портпарол на компанијата изјави дека се тестира нова „Јутјуб премиум лајт“ понуда во која поголемиот дел од видеата ќе бидат без реклами.
- Се надеваме дека оваа услуга ќе им ја понудиме на уште повеќе корисници во иднина, во соработка со нашите партнери - изјави портпаролот на „Јутјуб“.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Pixabay