Трогателен краток анимиран филм го замислува отпадот од пластика како живот во океанот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
- Зачудувачки и истовремено одвратно - на овој начин режисерот Паскал Пелбли го опишува својот краток филм од 2019 година наречен „Убавицата“.
Филмот е предупредување повторно да размислиме на неконтролираното загадување со пластика во светот, анимација што го замислува отпадот како жив морски свет, па така можете да видите риба од пластична кеса за завиткување, јагула од автомобилска гума итн.
Филмот ги разоткрива подмолните ефекти на микропластиката кога таа влегува во синџирот на исхрана и влијае врз целокупното здравје на екосистемот.
- Наместо да покажам уште еден стомак на животно полн со пластични кеси, си помислив: „Што ако пластиката може да се интегрира во морскиот живот и природата да го реши проблемот?“ Филмот треба да ве однесе на пат каде што ќе исчезнат сите наши чувства на вина. Но, на крајот, се будиме и сфаќаме дека треба да смениме нешто - Шелбли ја објаснува мотивацијата за филмот.
Фото: Screenshot/YouTube