Снимка која покажува колку е тешко да се движите на Земјата по 6 месеци минати во вселената
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Одењето во вселената е сериозна работа. Колку сериозна? Оваа снимка од астронаутот Дру Фјустел од НАСА ќе ви покаже.
Фјустел поминал 197 дена во Меѓународната вселенска станица (ИСС). Тоа е приближно стандардно времетраење на една мисија. И сето тоа време е минато во микрогравитација.
Но, ние луѓето не сме создадени за бестежински да летаме наоколу. Тогаш се случуваат секакви чудни работи. Меѓу нив се и мускулната атрофија, а и губење на густина на коските.
Дополнително, кога астронаутите ќе се вратат на Земјата по некое време поминато во вселената, враќањето може да предизвика некои прилично тешки вртоглавици додека им се приспособи чувството за баланс.
Така, движењето наоколу е многу потешко. На снимката на Фјустел се гледа колку многу е тешко тоа. Тој се тетерави додека се обидува да изоди само неколку чекори пета-прсти по права линија.
ИСС сега е опремена со голем број машини за да им овозможи на астронаутите да вежбаат. Тие дневно поминуваат по два часа користејќи ја таа опрема.
Овој режим е создаден како обид за ублажување на атрофијата, но дури и со таква програма, потребни се најмалку три до четири години за еден астронаут да закрепне по 6-месечен престој во вселената.
Сето ова може да ни покаже и колку се посветени астронаутите на нивната
работа.