„Калкит“ - апликација која спојува 150 различни калкулатори и конвертори на единици
„Калкит“ е апликација која комбинира повеќе од 150 различни калкулатори и конвертори на единици и е наменета за студенти, инженери, економисти и секој друг што бара солиден универзален калкулатор со многу функции, а сепак да биде многу лесен за употреба.
Самите калкулатори покриваат цела низа на области, од математика и физика, хемија и финансии, па сè до специфични сегменти како што се геометрија или електроника. Секако, постои и цела низа конвертори на мерни единици, што ја прави оваа апликација особено корисна.
Покрај тоа, сè може да се користи без потреба од интернет-конекција, а секако е погодно што релативно лесно може да се најде или наменски калкулатор или конвертор што планирате да го користите. Интересно е што може да креирате сопствени калкулатори или конвертори.
Во поставките може да се управува со голем број параметри карактеристични за овој тип на апликација, но и со некои многу специфични, па затоа дефинитивно вреди да се погледне самата конфигурација (таму ќе ја најдете и опцијата за креирање резервна копија). Основната верзија на апликацијата е бесплатна, но прикажува реклами и има некои мали ограничувања. Тие можат да се отстранат или со плаќање годишна претплата од 11,88 евра или со еднократно плаќање од 24,99 евра.
Извор: bug.hr
Фото: CalKit