Ова се градовите со најзагаден воздух во светот

Ова се градовите со најзагаден воздух во светот

Подготвил: Билјана Спиркоска

Лектор: Ивана Кузманоска

Загадувањето на воздухот останува една од најсмртоносните закани. Во 2024 година само 17 % од градовите во светот биле во согласност со годишниот водич за ПМ 2,5 честички на Светската здравствена организација за помалку од 5 µg/m3, што посочува дека големо мнозинство од населението во светот е изложено на нездрав воздух.

На оваа мапа може да ги видите 20. града со најзагаден воздух за минатата година, врз основа на податоците за ПМ 2,5 честички од „Ај кју ер“.

Фото: Visual Capitalist

Индија е дом на некои од градовите со најзагаден воздух во светот, па 11 од првите 20 на листата за 2024 година се токму од оваа земја.

Во Бирнихат, град во Североисточна Индија, лани имало најзагаден воздух на глобално ниво, со концентрација на ПМ 2,5 честички од 128,2 микрограми за кубен метар, што е повеќе од 25 пати повисоко од препорачаниот лимит од СЗО.

Делхи, метрополис со повеќе од 30 милиони жители и главна територија на Индија, се најде на второто место. Градот има најлошо загадување на воздухот во текот на зимата, предизвикано од палење посеви во околните држави, стагнирачки студен воздух и слаби шеми на ветрови што го заробуваат и концентрираат смогот над престолнината.

Многу индиски градови се борат со сериозно загадување на воздухот поради мешавина на индустриски емисии, издувни гасови и потпирање на фосилни горива, а сето тоа се влошува со слаби регулации.

Повеќето од градовите во кои било забележано најсериозно загадување на воздухот минатата година се во Индија, Пакистан или други делови на Азија. Нџамена во Чад е единствениот град надвор од Азија што се најде во првите 20 на листата.

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik