Правилата за добри манири во Шведска: Зошто никогаш не треба да го прекршите нивниот „лагом“

Правилата за добри манири во Шведска: Зошто никогаш не треба да го прекршите нивниот „лагом“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Лагом“, или шведскиот термин за умерено, или само доволно, е еден од кодовите за добро функционирање во нивното општество. Ако го почитувате, големи се шансите дека добро ќе се вклопите. На листата со работи што најмногу ги нервираат локалните жители се посетителите од други земји кои не можат да ги контролираат своите емоции.

Швеѓаните не се отвораат „на почетокот“, ниту се луди од емоции. Тие високо го ценат својот личен простор и исто како и Финците, не кријат ароганција зад ова однесување, туку сакаат луѓето да не губат време на неважни работи. Тие не уживаат во муабетот и празните зборови што им се потребни на многу луѓе за да ја премостат непријатната тишина.

Најголемиот кошмар во Шведска


Освен тоа, на овие Европејци не им се допаѓа кога ќе застанете до нив на автобуската станица, всушност, тоа е нивниот најголем кошмар. Финците и Швеѓаните навистина повеќе би стоеле „расфрлани“ низ станицата отколку да бидат стуткани до други луѓе под покрив.

Да не заборавиме дека станува збор за земја во која зимата може да трае од три до седум месеци. Има уште неколку закони на списокот со шведски правила за бонтон:

Заборавете на бакнежите.


Кога се среќавате со Швеѓаните, подајте ја раката, а откако ќе им се приближите, можете да ги поздравите со прегратка, но никогаш со бакнеж в образ. Ваквиот начин на поздравување, кој е вообичаен на Балканот, едноставно не функционира на север.

Застанете во ред


Оној момент кога се отвора нов шалтер во продавница и сите влетуваат побрзо, по принципот „прв дојден, прв услужен“ е една од оние сцени што никогаш нема да ги видите во Шведска.

Ако не сакате да ве критикуваат за грубо однесување, треба да забавите, да останете ладни и да не се туркате во редицата. Ако сте еден од оние луѓе на кои им се креваат нервите кога се опкружени со продавачки во продавница, конечно ќе се пронајдете во оваа ладнокрвна земја. Продавачите често се толку фокусирани на својата работа, што дури и не ги поздравуваат клиентите на влезот во продавницата.

Не одбивајте „фика“


Швеѓаните се рангирани како едни од најсреќните луѓе на светот, меѓу другото, благодарение и на тоа што ги ресетираат деновите со „фика“. Станува збор за кафе-пауза, но тоа е многу повеќе од кафе.

Се јадат и ролати од цимет (канелбулар), чоколадни топчиња во кокос (чокладбол) и марципан (семлор), или некоја друга торта по ваш избор, но „фика“ има подлабоко значење од кафе-пауза со нешто слатко.


Не плаќајте рунди пијалаци

Ако одлучите да ги почестите Швеѓаните со една рунда пијалаци без најава, би можеле да ги ставите во многу непријатна ситуација. Во Шведска секој сам си плаќа пијалак, па таквиот потег може да ги навреди. Ако не сакате да се откажете од уживањето, подобро е да почекате да се напијат неколку пијачки и да се опуштите пред да го направите тоа.

Не канете ги на доцна вечера


Додека Шпанците тогаш заминуваат на вечера, Швеѓаните веќе го плаќаат својот оброк и го напуштаат ресторанот. Многу ресторани во Стокхолм се отворени до полноќ, но тоа не треба да го очекувате во помалите градови. Вообичаеното време за ручек е околу пладне, а вечерата се јаде од 17 до 20 часот.

Ако одите на посета кај некого, учтиво е да пристигнете навреме или да доцните до 15 минути, но никогаш да не дојдете порано. Не заборавајте да прашате на влезот дали треба да ги соблечете чевлите. Швеѓаните носат чевли само на формални дружења.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Freepik