Од денес може да аплицирате за субвенции за електрични тротинети
Град Скопје денеска распиша два јавни повици - за субвенционирање на граѓаните на подрачјето за купување електрични тротинети во 2019 година и за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2019 година.
Повикот за субвенционирање на граѓаните за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје што ќе купат нов електричен тротинет од 01.01.2019 година до исцрпувањето на буџетот, или не подоцна од 30.11.2019 година.
Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.
Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации ќе најдете на следниот
ЛИНК.