Нацрт-листа со земји на кои ќе им биде дозволен влез во ЕУ по отворањето на границите

Нацрт-листа со земји на кои ќе им биде дозволен влез во ЕУ по отворањето на границите

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Заклучени во соба за состаноци во Брисел, службениците дебатираат на кој ќе му биде дозволено да влезе во ЕУ на 1 јули, кога треба да се отворат меѓународните граници на блокот.

Има две листи, една за оние што ќе бидат примени и една за оние што нема да бидат.

Листите веќе предизвикаа контроверзии откако извори открија дека САД - земјата која е најтешко погодена од пандемијата на Ковид-19 со повеќе од 2,4 милиони случаи - се најде на втората листа.

Вчера европските службеници не донесоа одлука за тоа на кои земји нема да им биде дозволен влез по отворањето на надворешните граници на блокот, а неименуван европски дипломат за „Еуроњуз“ изјавил дека службениците не можеле да постигнат договор и дека разговорите ќе продолжат денес.

Сепак, од „Еуроњуз“ успеале да дојдат до целосна нацрт-листа со земјите за кои границите на ЕУ ќе бидат отворени и нашата земја е во сива зона на оваа мапа. Поточно, на мапата има три бои: црвена - за оние земји на чии жители нема да им биде дозволен влез во ЕУ, зелена - за земјите чии жители ќе можат да влегуваат во Унијата и сива - најверојатно земји за кои сѐ уште нема одлука.

Фото: Euronews

Целата листа со земји чии жители ќе можат да влезат во ЕУ, според оваа нацрт-листа, е следната:

-Ватикан
-Монако
-Црна Гора
-Андора
-Србија
-Босна и Херцеговина
-Украина
-Албанија
-Турција
-Косово
-Демократска Народна Република Кореја
-Туркменистан
-Виетнам
-Кина
-Тајланд
-Мјанмар
-Монголија
-Јапонија
-Јужна Кореја
-Грузија
-Бутан
-Либан
-Индонезија
-Узбекистан
-Индија
-Таџикистан
-Казахстан
-Палау
-Нов Зеланд
-Австралија
-Доминика
-Бахамите
-Света Луција
-Уругвај
-Јамајка
-Куба
-Гвајана
-Парагвај
-Венецуела
-Никарагва
-Костарика
-Канада
-Ангола
-Тунис
-Намибија
-Уганда
-Мозамбик
-Маврициус
-Замбија
-Руанда
-Етиопија
-Мароко
-Алжир
-Египет

Дипломатски извори за „Еуроњуз“ истакнале дека имало несогласувања меѓу нациите околу критериумите за носење на оваа одлука и некои велеле дека податоците за стапките на заразени со Ковид-19 не се веродостојни. Тие бараат од Европскиот центар за превенција на болести да излезе со повеќе детали, велат неименуваните извори, додавајќи дека листите ќе се прегледуваат на секои две недели.

Кога беа објавени упатствата на ЕУ пред две недели, службеници истакнаа дека при нивното изготвување ќе се земат предвид стапките на заразеност во засегнатите земји. Критериумот се заснова на епидемиолошки податоци и во тоа време на новинарите од „Еуроњуз“ им било кажано дека на листата со земји на чии жители ќе им биде дозволен влез имало 47 земји, додека на онаа со забранет 54. Изворите во Брисел сега истакнале дека има 54 на зелената нацрт-листа и јасно е дека овие бројки ќе продолжат да се менуваат.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay