Архитектите дизајнираат хотел што ќе се гради во норвешки фјорд

Архитектите дизајнираат хотел што ќе се гради во норвешки фјорд

Подготвил: Тамара Гроздановски

Базен што ѝ пркоси на гравитацијата еден ден може да стане реалност како дел од новот хотел што ќе биде изграден на карпа во Норвешка.

Предложениот хотел ќе биде изграден во Преикестолен (Пулпит Рок), што претставува неверојатна карпа во јужна Норвешка, што е популарна атракција за туристите.

Хотелот е дизајниран од турското архитектонско студио на архитектот Хајри Атак и ќе има неверојатен базен што ќе виси над извонредниот фјорд. Освен тоа, хотелот ќе има голема платформа на горната палуба, каде гостите ќе влегуваат во зградата, и уште три спрата за сместување, од кои секој кат ќе има балкон што ќе излегува од работ на карпата.

1
Фото: Hayri Atak Architectural Design Studio

Со само девет соби, рецепција и лоби, еден ресторан и кафе, хотелот ќе биде прилично мал, така што гостите ќе имаат можност да уживаат во мирот и тишината што ќе ги нуди.

Базенот ќе се наоѓа на најниско ниво, овозможувајќи им на пливачите да ги гледаат прекрасните пејзажи додека пливаат.

- Пулпит Рок е едно од највозбудливите места за мене. Еден ден, мојот пријател ми испрати фотографии од карпата, што ги направила за време на нејзиното патување во Норвешка. Фотографиите беа направени на работ на огромна карпа. Иако не бев таму, доживеав доза на адреналин - вели архитектот Харји Атак.

2
Фото: Hayri Atak Architectural Design Studio

Тој прифаќа дека концептот за базенот е застрашувачки.

- Базенот беше еден и единствен елемент на дизајн на проектот. Идејата за базен што виси под карпата и мене ме плаши - вели Атак.