Улици што оживуваат кога ќе заврне

Улици што оживуваат кога ќе заврне

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кога времето е лошо, човек лесно се онерасположува, но се чини дека Сеул го има совршеното решение за да го подигне расположението на своите граѓани.

Во 2015 година, компанијата „Пантоне“ во соработка со Школата на уметничкиот институт во Чикаго за да создаде уметност на улиците на Кореа за време на поројната сезона на монсуните.


Фото: Project Monsoon

Проектот „Монсун“ ги наслика улиците на Сеул со хидрохронична боја што се менува кога ќе дојдат во допир со вода, откривајќи шарени мурали, инспирирани од јужнокорејската култура, кога почнува да врне.

Така, наместо вообичаените сиви и влажни улици, жителите можат да уживаат во прекрасни обоени китови, желки и риби.

Дизајнерите сакале да ја доловат источно-азиската култура.

- Инспирирани од културата на Јужна Кореја што ја нагласува важноста на протокот на реките, сликите користат топографски карактеристики на Кореја што создаваат проток и вирчиња со вода на секоја улица за да се пополнат улицитте со боја и живот - велат дизајнерите.


Фото: Project Monsoon

За време на врнежливите денови, што може да траат со денови, повеќето луѓе се одлучуваат да останат дома. Но, муралите на жителите им даваат причина да се радуваат на монсунските сезони.