Барбадос ќе доделува едногодишни дозволи за престој на странци што работат на далечина

Барбадос ќе доделува едногодишни дозволи за престој на странци што работат на далечина

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Премиерот на Барбадос предлага иницијатива која треба да привлече повеќе туристи на островот за време на пандемијата.

Сите оние што работат од дома за време на пандемијата на коронавирусот би можеле да добијат шанса да се релоцираат на Карибите според еден предлог од владата на Барбадос. Премиерот Миа Мотли размислува за воведување таканаречен „печат за добредојде на Барбадос“ со кој странците би можеле да живеат на островот додека работат, до една година. 



Фото: Pixabay

Мотли ја предложила иницијативата бидејќи краткиот туристички престој на островот станува потежок поради пандемијата. Учеството на туризмот во бруто-домашниот производ (БДП) на земјата изнесува 40%. Дури 30% од сите вработени лица на островот се вработени во секторот, кој е најпогоден од пандемијата.



Фото: Pixabay

Барбадос ги отвора границите за странските туристи на 12 јули. Сите патници што пристигнуваат мора да покажат негативен резултат од тест за Ковид-19 и мора да носат маска на аеродромот.

Според предложената иницијатива, странците би добивале дозволи за престој до една година на островот додека работат.

Извор: news.sky.com