Ова се едни од најтажните филмски сцени

Ова се едни од најтажните филмски сцени

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Корисниците на социјалната мрежа „Редит“ почнаа дискусија за најтажните филмски сцени на сите времиња.

Откако еден корисник напиша дека најтажната сцена е во анимираниот научнофантастичен филм „Железниот чин“, други корисници оставија илјадници коментари со свои предлози. Во продолжение ви ги откриваме сцените што собраа најмногу гласови од љубителите на филмот.

„Лисицата и ловечкиот пес“ (The Fox and the Hound)

 

Анимираниот филм на „Дизни“ го прикажува неочекуваното пријателство помеѓу лисицата Тод и кучето Куперл. Лисицата Тод ја губи својата мајка, поради што порасна со старата вдовица Твид.

Обожавателите на филмот велат дека најтажната сцена е онаа во која вдовицата се збогува со лисицата Тод бидејќи тој повеќе не е безбеден со неа затоа што нејзиниот сосед е ловец.

„Зелената милја“ (The Green Mile)


 

Оваа драма го следи пензионираниот затворски чувар Пол (Том Хенкс) кој се спријателува со затвореникот Џон Кофи (Мајкл Кларк Данкан). Кофи е невин, но осуден на смрт за злосторство извршено од друг затвореник.

За многу гледачи, најтажната сцена во филмот е онаа кога Џон седи на електричната столица и го моли Пол да не му става торба преку глава бидејќи се плаши од темнината.

„Вистински момент“ (About Time)

 

Научнофантастичната романтична драма „Вистинскиот момент“ е приказна за младиот човек Тим (Домнал Глисон), кој открива дека сите мажи во неговото семејство можат да патуваат низ времето. Наместо да го користи својот дар за да стекне слава и богатство, Тим го користи за да го подобри својот љубовен живот.

Корисниците на Редит пишуваат дека биле скршени од сцената во која Тим за последен пат се збогува со својот татко.

„Шиндлеровата листа“ (Schindler’s List)

 

Биографскиот филм за Оскар Шиндлер го прикажува животот на германскиот индустријалец кој спасил повеќе од илјада еврејски бегалци за време на Втората светска војна, вработувајќи ги во неговите фабрики.

Многу обожаватели пишуваат дека најтажната сцена за нив е сцената во која Шиндлер се збогува со бегалците и жали што не спасил повеќе од нив, откако му дале прстен на кој била изгравирана реченицата: „Спасувајќи еден живот, го спаси целиот свет“.

„Нагоре“ (Up)

 

Oвој анимиран филм го следи пргавиот пензионер Карл кој по смртта на неговата сопруга Ели одлучува да го исполни својот животен сон и да ја посети Јужна Америка.

Критичарите сметаат дека првите десет минути од филмот се заслужни за големиот успех на „Нагоре“. Носталгичната почетна сцена го прикажува детството на Карл, средбата со Ели, нивниот брачен живот и нејзината смрт, пред да го остварат заедничкиот животен сон.

„Интерстелар“ (Interstellar)

 

Сместено во дистописка иднина каде што Земјата се распаѓа поради човековата алчност, филмот следи група астронаути кои влегуваат во дупка за да најдат планета која би можела да стане нов дом за човештвото.

Најтажната сцена во филмот го прикажува астронаутот Купер (Метју Меконахи) како ги слуша пораките испратени од неговите деца во период од 23 години. Имено, откако поминал низ дупката и завршил на т.н планета на Милер, Купер и неговата екипа откриваат дека еден час на планетата на Милер е еднаков на седум години на Земјата, што значи дека тој ги пропуштил животите на своите деца додека бил отсутен.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube