Во оваа земја ќе платите казна за појас дури и ако го носите додека возите

Во оваа земја ќе платите казна за појас дури и ако го носите додека возите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу земји се борат со непослушните возачи, но и со недисциплинираните патници во возилата. На пример, врзувањето на појасот во автомобил за многумина е сè уште неразбирлива акција, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир.

Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои имаат навика да се возат без да ги стават појасите, со што се загрозуваат себеси, а и оние што седат пред нив.

Затоа Белгија подготви измени на Законот за патен сообраќај, кои ќе стапат во сила од 1 септември.

Покрај низата новитети, вреди да се спомене и казната за сите патници во возилото доколку само еден од нив не носи појас.

Така, лице кое нема да биде врзано со појас во автомобилот ќе плати 100 евра, но истата сума ја плаќаат и возачот и другите патници во возилото, дури и ако се врзани.

Тие ќе бидат казнети затоа што не извршиле влијание врз личноста што не е врзана. Дополнително, сите лица во автомобилот ќе платат 150 евра доколку сопатникот кој не е врзан со појас е дете!

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik