Зошто животните во Јужна Америка се помали од оние на другите континенти?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дали сте знаеле дека некои животни во Јужна Америка се помали од животните од исти видови на други континенти?
Читател на списанието на музејот „Смитсонијан“ го поставил прашањето зошто животните на овој континент се помали во споредба со оние на другите континенти. Мелиса Хокингс од американскиот Природонаучен музеј објаснува дека помалите
животни полесно се движат во густи прашуми. На пример, еленот што живее во Амазонија еволуирал за да има потесни рогови во споредба со еленот што живее во Северна Америка.
Освен тоа, на големината на животното може да влијае и човековата активност. Како пример го дава африканскиот слон, кој еволуирал да шета во пространи савани, но ловците селективно ги убиваат најголемите членови на видот и остануваат помалите. Денес тешко може да се најде толку голем слон како оние што живееле порано.
Извор:
smithsonianmag.com
Фото: Pixabay