Евакуирани пет средни училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Евакуирани пет средни училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби

Пет училишта во Скопје денеска преку е-пошта добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.

Дојавите, како што потврдија за МИА од МВР, се доставени до СВР-Скопје и веднаш по добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.

По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Според извори на МИА, едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Извор: МИА