Бар во Барселона постави обвивка за да ги заштити телефоните на страстните фудбалски фанови

Бар во Барселона постави обвивка за да ги заштити телефоните на страстните фудбалски фанови

Подготвил: Маја Пероска

Љубителите на фудбалот биле воодушевени од трансформацијата на еден популарен спортски бар во Барселона, кој бил завиткан со заштитна обвивка со меурчиња, нудејќи им мир и безбедност на страсните навивачи кои присуствувале за следење на натпреварот меѓу фудбалските тимови на „Барселона“ и „Баерн Минхен“, без страв дека ќе им бидат оштетени мобилните телефони за време на прославите.

Трансформацијата на барот „Сонара Спортс“ следува како одговор на ново истражување кое покажало дека хаосот што произлегува од славењето за време на фудбалските натпревари може да има своја цена, а баровите се една од најпопуларните локации за гледање на натпреварите. Имено, истражувањето спроведено со 3.000 возрасни од страна на компанијата „Онор“, покажало дека 89% од фудбалските фанови се опишуваат себеси како страствени навивачи, а 92% признале дека се понесени од возбудата за време на натпреварите. И кога нивото на возбуда расте, 1 од 2 испитаници признава дека ги фрла или испушта своите работи од раце поради еуфоријата.

Навивачите признаваат дека како резултат на славењето за време и по фудбалските натпревари, често се оштетувале себеси и своите телефони преку истурање пијалаци, како и со повреди или губење на предметите, вклучувајќи ги и очилата за сонце и облеката. Некои дури предизвикале поголема штета на своите уреди со кршење на телефоните и кршење на екраните.

Навивачите кои учествувале во истражувањето, навеле голем број причини зошто телефоните им се при рака за време на играта. 56% од нив рекле дека ги проверуваат резултатите, 18% рекле дека ги ажурираат социјалните мрежи, 47% пишуваат пораки со пријателите или семејството, а 23% рекле дека фотографираат за време на играта. Поради сите овие причини, не е ни чудо што телефоните се на прво место за време на спортските настани.

Бидејќи емоциите за време на играта честопати надминуваат сè друго - 57% од испитаниците признале дека не се грижат за каква било нанесена штета предизвикана за време на прославата на нивниот тим, кој постигнал гол. Дури и со вакви ситуации во кои доминира фудбалска еуфорија во локалите, навивачите изгледа како да мислат оти сето тоа е вредно на крајот, кога ќе видат дека нивниот омилен тим постигнува гол.

-Среќни сме што можеме да им помогнеме на страсните фудбалски фанови да уживаат во важната игра, додека ги чуваат своите телефони безбедни, бидејќи не се создадени сите телефони еднакви и издржливи - истакнал Авикар Џоли, маркетинг директорот на „Онор“ за Европа.

Инаку во истражувањето учествувале 3 илјади лица од Ирска и Велика Британија. 

Извор: benchmark.rs

Фото: Honor