Хитхорн - магичното село во кое нема улици и личи како да излегло од бајките

Хитхорн - магичното село во кое нема улици и личи како да излегло од бајките

Подготвил: Тамара Гроздановски

Бајковитото село Хитхорн е едно од најнеобичните и најубавите места во Холандија. Ова волшебно село личи како да излегло од бајките каде нема улици, а единственото превозно средство е чамецот.

Селото се наоѓа во провинцијата Оверајсел, во срцето на националниот парк Верибен-Виден. Ова бајковито село наместо со улици е опкружено со мрежа од канали и затоа често се нарекува „малата Венеција“.

Во ова тивко село можете да уживате во „шума на вода“, додека наместо класични улици, дасе движите по канали со чамци или пеш преку прекрасни дрвени мостови и шеталишта.

Хихторн може да се пофали и со добро одржувани куќи украсени со цвеќиња и недпорена природа. Токму поради овие работи станува збор за едно од најубавите места во Европа.

Покрај прекрасните куќи лоцирани на вода, Хитхорн има и богата историја. Датира од времето кога луѓето ваделе тресет од овој регион. Најголемиот тресет во Северна Европа се наоѓа во националниот парк Верибен-Виден.

Овој парк на посетителите им нуди спектакуларно доживување на природата. Масовното ископување на црната, влажна почва, која со векови се користела како гориво, довело до создавање на канали и ровови на Хитхорн. Тие денес се дел од неговата препознатлива убавина.

Селото е едно од најпопуларните туристички дестинации во Холандија и е идеално за еднодневно патување од Амстердам.

Во селото нема автомобили

Селото има забранет пристап до автомобили, а главното превозно средство е чамецот. Така, кога ќе се приближите до него, веднаш ќе забележите дека нема патишта и автомобили. Наместо тоа, транспортот се одвива со чамци, што е идеално место за одмор и бегство од метежот и вревата на градот.

Жителите, но и туристите кои го посетуваат селото треба да ги остават автомобилите на посебни места надвор од селото и до центарот да одат пешки или со брод.

Оваа практика помага да се зачува традиционалната атмосфера и да се намали сообраќајниот метеж. Благодарение на оваа одлука, Хитхорн стана вистински скапоцен камен на холандската природа.

Извор: ddl.rs
Фото: Instagram