Мапа покажува каде би се преселиле жителите од секоја земја
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Една мапа ја покажува земјата во која би се преселиле жителите во светот. Канада е дефинитивен победник бидејќи населението од 30 земји во светот би сакало да живее таму.
На мапата секоја држава е обоена во боја која одговара на земјата во која би се преселиле жителите. Нема податоци за Македонија, но од регионот, жителите на Албанија, Грција и Бугарија најмногу би сакале да се преселат во Германија, додека Црногорците ја обожаваат Јапонија. За населението во Хрватска и Словенија најпривлечна е Австрија.
Топ-10 најпривлечни земји за жителите во светот
1. Канада - мнозинството жители од 30 земји сакаат да се преселат таму
2. Јапонија - 13 земји
3. Шпанија - 12 земји
4. Германија - 8 земји
5. Катар - 6 земји
6. Австралија - 5 земји
7. Швајцарија - 4 земји
8. Португалија - 3 земји
9. САД - 2 земји
9. Велика Британија - 2 земји
Мапата била направена од страна на компанијата за финансиски услуги „Ремитли“, која анализирала податоци од пребарувања на „Гугл“ за 100 земји.
Автор: Џенифер Њутон
Извор:
dailymail.co.uk