Поголема стапка на вакцинација - помала стапка на смртност, покажуваат истражувањата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Европската комисија објави графикон заснован на податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести кој го покажува односот на вакцинирани и смртни случаи во земјите од Европската Унија.
Податоците за стапката на вакцинација се однесуваат на полнолетни граѓани, односно сите постари од 18 години. Податоците за смртните случаи се однесуваат на 14-дневниот период во ноември.
Графиконот може накратко да се опише вака: колку повеќе е вакцинирана популацијата, толку помалку смртни случаи има.
Податоците ни покажуваат дека колку е поголема стапката на вакцинација, толку е помала стапката на смртност, наведе Европската комисија на својот твитер-профил со објавувањето на овој графикон.
Ирска има највисока стапка на вакцинација. 93 отсто од возрасната популација се вакцинирани. Има 15 смртни случаи на милион жители во период од 14 дена.
По неа е Португалија со 92 отсто вакцинирани возрасни граѓани и има 10 смртни случаи од ковид-19 на милион жители.
Истиот процент на вакцинирани го има Малта. Земјата бележи 0 смртни случаи од ковид-19 на милион жители.
Следна на листата е Данска со 89 отсто вакцинирани и 10 смртни случаи на милион жители во период од 14 дена.
Следува Белгија, која има 87 отсто вакцинирани возрасни и 29 смртни случаи на милион луѓе.
БиХ со месеци е на врвот на листата со најголема смртност во светот на милион жители.
Фото: Freepik