Јужнокореец фатен на аеродром во Перу со стотина тарантули скриени по целото тело
Дваесет и осумгодишен Кореец е фатен на аеродромот во Лима, главниот град на Перу, со стотина инсекти скриени по целото тело. Тој спакувал тарантули, пајаци, стоногалки и мравки во мали филтер-кесички со намера да ги прошверцува во Јужна Кореја.
Вработените на аеродромот забележале необична надуеност на неговиот стомак. Во моментот на апсењето е утврдено дека овој човек ги спакувал пајаците во мали пластични кеси од филтер-хартија. Животните биле прицврстени за неговото тело со два појаси.
Шверцувањето на овие видови е доста исплатливо – пронајдени се 35 мали тарантули, 285 млади тарантули, 101 стоногалка и 9 мравки. Животните се згрижени од страна на службата за заштита на диви животни.
Извор: bbc.com/serbian
Фото: BBC serbian/screenshot