Над 250 слободни работни места во администрација
Државните служби, јавните претпријатија и општините деновиве имаат отворени огласи за вработување на повеќе од 250 службеници, а најмногу службеници се бараат во Управата за јавни приходи - дури 100.
Доколку сте заинтересирани да аплицирате за работа во државни служби, треба да знаете дека утре е последен ден за аплицирање за работа во
Државен пазарен инспекторат, каде што се вработуваат 13 службеници, и во
Општина Гази Баба, за каде што е распишан оглас за вработување на 6 службеници.
Истовремено,
Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Скопје вработува 2 службеници и за таму може да аплицирате до задутре, исто како и на огласот за вработување во
Агенцијата за вработување.
Отворен е и оглас за вработување во
Агенција за цивилно воздухопловство, кој се затвора на 30 декември, како и оние за вработување во
Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, за каде што се бараат 3 службеници, и за во
Министерство за локална самоуправа.
ФЗОМ вработува 33 службеници и на тој оглас може да се пријавите до 3 јануари. Тоа е крајниот рок за пријавување и на огласот за вработување двајца службеници во
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но и на огласот за вработување 6 службеници во
Министерство за одбрана и оној за вработување 2 службеници во
Судски совет.
Во меѓувреме,
Министерство за економија - Државен инспекторат за техничка инспекција вработува 2 службеници, а отворен е оглас за вработување и во
Државен инспекторат за животна средина.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје вработува 6, а
Општина Тетово 19 службеници.
Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17,
УЈП 100,
МТСП 9,
ПИОМ 2,
Собрание 22,
Влада 4 и
МНР 6 службеници.