Генијална пензионерка: Производите што сите ги имаа во Југославија денес чинат колку злато

Генијална пензионерка: Производите што сите ги имаа во Југославија денес чинат колку злато

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Бизнисот на една снаодлива пензионерка од Словенија цвета, а таа добро заработува од носталгија по Југославија.

Шпела од Љубљана ја споила својата страст за постари предмети и маркетиншките вештини, па така брендот „Произведено во Југославија/Made in Yugoslavia“ го претставила со онлајн продавница, преку која продава познати предмети од времето на СФРЈ кои го одбележаа детството на многу граѓани.

Има телефони „искра“ во разни бои, портокалови лустери од „Мебло“ и познатата таписерија „Бамби“, како и предмети што ги има речиси секое семејство во домаќинството. Едни од најбараните  се познатите бели чаши/шолји со сина линија, кои ги користеле сите тогашни хотели, мотели, пабови, но и вагоните на Југословенските железници каде што луѓето спиеле или ручале.

Цените за винтиџ-симболите на поранешната држава не се баш толку симболични. Комплет стаклени чаши чини повеќе од 100 евра, а познатата таписерија „Бамби“ чини дури 60 - овие предмети Шпела ги предлага како уникатен подарок за божиќните празници.

Таа им препорачува на клиентите да стават под новогодишната елка завиткана шолја за кафе, а оние што сакаат, можат да добијат и ѓезве. Еден од подароците би можел да биде и календар за 2025 година. Шпела се покажала како паметен претприемач затоа што својата носталгија за југот ја претворила во профитабилен бизнис.

Веб-страницата покажува дека плакатот Тито и Јованка чини 29,90 евра, лустерот произведен од „Сијај храстник“, произведен во 70-тите години, чини дури 277 евра. Шолјата со познатата „кравица“ чини 49 евра. Комплет од две чаши, изработен од „Југокерамика“, чини 18 евра. Телефонот „искра АТА 32“ го продава по цена од 65 евра.

Извор: 6yka.com

Фото: Made in Yugoslavia/screenshot