Научниците откриваат кое е најдоброто место во авион за да ги зголемите шанси за преживување при несреќа

Научниците откриваат кое е најдоброто место во авион за да ги зголемите шанси за преживување при несреќа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Патувањето со авион е еден од најбезбедните начини на транспорт, а шансите некој да загине во авионска несреќа се 1:11.000.000, но она што е помалку познато е дека шансите да се преживее авионска несреќа зависат и од изборот на седиште во авионот.

Австралискиот експерт за воздухопловство и професор на Универзитетот во Централен Квинсленд, Даг Друри, открива стапката на смртност од 44 отсто за патниците што седат на седиштата во средината на авионот, во споредба со 28 отсто кај централните задни седишта. Тој посочува дека седиштата на патеката не нудат заштита од едната страна, така што најверојатно патникот ќе биде погоден од нешто при удар. Патниците кои не можат да ги обезбедат најбезбедните седишта може да имаат подобра среќа да преживеат на централните седишта и прозорските седишта во средниот дел од авионот. Но, бидејќи навистина се случуваат авионски несреќи, Друри ги открива најдобрите и најлошите места за седење во авион.

Како пример, тој го искористи летот 323 на „Јунајтед“, кој се урна во Сиукс Сити, Ајова во 1989 година. Во таа несреќа преживеале 184 од 269 патници, а повеќето седнале зад првата класа.

Истражување од магазинот „Тајм“, кое опфаќа 35 години, покажа дека седиштата во задната третина од авионите сочинуваат 32 отсто од жртвите, во споредба со 39 отсто во средната третина и 38 отсто во предната третина од авионите.

Според истражувањата на Универзитетот „Гринвич“, преживеаните од авионска несреќа кои седат во близина на излезите за итни случаи можат побрзо да излезат од авионот, со што е поверојатно да се оддалечат од местото на несреќата. Научниците открија дека седиштата до пет реда од излезот нудат подобри шанси за бегство во случај на пожар во авион. Меѓутоа, кога седите во шест или повеќе реда од излезот, вашите шанси да умрете се многу поголеми отколку да преживеете, велат научниците.

Научниците ги темелат резултатите на изјавите на 2.000 преживеани од 105 авионски несреќи низ светот.

Шансите за преживување не треба да се засноваат на финансиските можности на патникот

Кога станува збор за преживување пожар во авион, патниците во близина на патеката имаа маргинално поголеми шанси за преживување, со 65 отсто во споредба со 58 отсто од патниците што седат до прозорецот. Патниците во предниот дел на авионот имаат 65 отсто шанси да избегаат од огнот, додека оние во задниот дел имаат 53 отсто шанси.

Вашата шанса за преживување на треба да се заснова на вашата способност да платите место блиску до излезот за итни случаи или да резервирате преку интернет.

Сите авиони мора да поминат тест за испразнување за 90 секунди. Во тестовите, кабинскиот екипаж им помага на патниците да излезат. Но, експертите истакнуваат дека експерименталните ситуации не ги земаат предвид социјалните врски меѓу патниците, на пример, дека возрасните обично им помагаат на децата да избегаат пред нив. Исто така, излезите од авионот може да бидат неупотребливи или блокирани, а некои членови на екипажот исто така може да загинат во несреќата.

Во вистински итни случаи, каде што патниците можат да изберат кон кои насоки да избегаат, тие може да завршат со игнорирање на наредбите на екипажот и да се обидат да го користат најблискиот излез, покажа истражување од 2008 година.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik