Уникатен камен може да биде продаден за над 10.000 долари
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Забавно е да се собираат необични камчиња и минерали, но речиси е невозможно да наидете на камен што наликува на лик од телевизиска емисија.
Лукас Фасари пронашол камен чија внатрешност наликува на лик од детската телевизиска емисија „Улицата Сезам“. Тој го пронашол каменот во ноември во регионот Рио Гранде до Сул.
Моментално каменот го поседува американскиот геолог Мајк Бауерс, кој објавил видео од каменот на „Фејсбук“.
Заинтересирани колекционери што сакаат да го поседуваат каменот веќе му се обратиле на Бауерс. Дури петмина му понудиле над 10.000 долари за каменот.
Сè уште не се знае дали Бауерс планира да го продаде каменот.
Автор: Бони Бартон
Извор:
cnet.com
Фото: Screenshot/Facebook