Како изгледа зелената комета што поминува покрај Земјата?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ретка зелена комета поминува покрај Земјата и ова би можела да биде последната шанса за човештвото да ја види.
Се очекува кометата да се приближи до Земјата кон крајот на јануари и почетокот на февруари. Станува збор за ретка појава кога кометата ќе може да се види со голо око.
Фото: Dan Bartlett
Овој леден космички „минувач“ остава зелена линија на небото која ќе биде видлива до првите неколку дена од февруари. Неверојатните фотографии веќе откриваат што треба да барате на небото пред зори.
Фото: Dan Bartlett
Астрономот Џанлука Маси веќе направил фотографии од кометата, за време на преносот во живо на неговите телескопски набљудувања.
Кометата „издлаби“ патека покрај соѕвездијата Воловар и Херкулес. Некаде околу 30 јануари зелената комета ќе се појави во близина на Поларис и порано во вечерните часови.
Фото: Gianluca Masi/The Virtual Telescope Project
Извор:
Business Insider
Фото: Chris and Dawn Schur