Темната страна на најсреќните земји во светот: Среќата како општествен притисок

Темната страна на најсреќните земји во светот: Среќата како општествен притисок

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Последниве години Данска редовно се наоѓа на врвот на глобалните листи за најсреќни земји.

Тоа доведе до тоа данските практики, како животниот стил „хуга“, да добијат популарност на други места. Но, дали живеењето во една од најсреќните земји во светот е толку лесно и едноставно? Што се случува ако се борите да ја пронајдете или одржите среќата во морето (наводно) среќни луѓе?

Едно ново истражување открива дека високиот ранг на среќа не значи секогаш благосостојба за сите. За некои, живеењето во земја која постојано се прикажува како среќна може да создаде дополнителен социјален притисок за постојано чувство на среќа, што на крај може да има спротивен ефект.

sreka
Фото: Pixabay

Истражувањето, објавено во списанието „Сајентифик рипортс“, вклучило 7.443 луѓе од 40 земји и покажало дека во земјите со висок степен на среќа, како Данска, луѓето што чувствуваат притисок да бидат среќни често имаат пониски нивоа на ментално здравје. Тие се подложни на депресија, анксиозност и стрес.

Причината лежи во тоа што живеењето во општество кое не престанува да ја истакнува среќата може да ги нагласи негативните чувства на оние што не можат да ги достигнат истите стандарди.

Решението не е едноставно. Освен што треба да се бидеме внимателни како ги изразуваме нашите позитивни емоции, можеби треба да размислуваме и за нов начин на мерење на националната благосостојба, кој ќе ги вклучи и сите аспекти на човечкото искуство, вклучувајќи ги негативните емоции и меѓучовечките врски.

Извор: Science Alert
Фото: Unsplash