„Чет-ГПТ“ достигна 400 милиони корисници
За само две години од нејзиното лансирање, во 2024 година, платформата достигна 200 милиони претплатници. Потоа бројот на активни корисници се удвои за само неколку месеци. И според „Опен АИ“, „Чет-ГПТ“ сега има 400 милиони корисници неделно.
За да го продолжи овој напредок, компанијата подготвува две нови верзии: „ГПТ -4,5“ и „ГПТ-5“. Овие модели ветуваат побрзи, попрецизни и поприродни реакции. Дополнително, „Опен АИ“ сака да го поедностави корисничкото искуство. Корисникот не треба да избира помеѓу различни модели, алатката автоматски ќе се приспособи.
Исто така, „Опен АИ“ работи на уште поширок пристап до својата вештачка интелигенција, а „ГПТ-5“ наскоро би можел да биде достапен за секого бесплатно.
Извор: mreza.bug.hr
Фото: Freepik