Дајл-ап модеми, ѕвонење на стари телефони: Звуци од минатото што генерацијата З никогаш нема да ги чуе

Дајл-ап модеми, ѕвонење на стари телефони: Звуци од минатото што генерацијата З никогаш нема да ги чуе

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Светот денес е побучен од кога било. Постојано сме опкружени со известувања и аларми, најчесто поврзани со некоја обврска што треба да ја завршиме.

Сепак, технолошките компании денес знаат како да ги направат тие звуци поподносливи. Милениумците, пак, се сеќаваат на времето кога секој уред создаваше цела симфонија од звуци додека работеше.

Ова се звуци што генерацијата З никогаш нема да ги чуе:

1. Дајл-ап модеми



Класика! Ако сте млади и тајно сурфате на интернет до доцна во ноќта, го правите тоа во тишина. Но, во времето на дајл-ап интернетот секое поврзување значеше гласен, роботски оркестар.

2. Телевизиски пречки



Некои луѓе велат дека телевизискиот шум ги смирува. Но, за многумина, тоа беше звукот што ги преплашуваше ако случајно сменеа на непостоен канал. Нема „Извинете, имаме технички проблеми“, само гласен, грозен шум и „снег“ на екранот.

3. Звукот на старите телефони



Денес, повеќето луѓе ги држат телефоните на вибрација или тивок режим. Но, некогаш телефонот ѕвонеше толку силно што звучеше како аларм за пожар. Ако не сакавте да се јавите, моравте да го издржите тоа ѕвонење најмалку десет секунди пред да се префрли на говорна пошта.

4. Звуците на касетофоните



Касетофоните некогаш беа задолжителни во секој дом, а со нив доаѓаа и карактеристични звуци: гласниот „клик“ кога ќе го притиснете копчето „плеј“, тивкиот шум додека лентата се премотува и уште еден „клик“ кога ќе стигне до крајот. Денешните стриминг-сервиси немаат ништо слично.

5. Песната „Butterfly“ од „Крејзи таун“



Верувајте, ова беше невозможно да се избегне. Цела генерација беше принудена да ја слуша одново и одново.

Генерацијата З можеби има свои звуци на секојдневието, но овие – засекогаш ќе останат дел од минатото на милениумците.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik