Возењето тобоган низ швајцарска планина е неповторливо искуство

Возењето тобоган низ швајцарска планина е неповторливо искуство

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Прекрасен поглед кон неверојатниот пејзаж додека се лизгате надолу по алпската планина е токму она што ни треба. Тобоганот наречен „Роделбан“ се протега низ планините околу езерото Ошинен во Швајцарија.

Видеото подолу е направено од 28-годишниот Рушаб Чеда.

- Самиот тобоган е неверојатен, но погледот го прави целото искуство неверојатно. Дефинитивно би ви препорачал да го направите тоа, доколку имате можност. Езерото во близина, како и прекрасните планини се главната атракција - вели Чеда.




Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/Youtube