Протести во Турција - дервишки танц пред полицискиот кордон
И покрај забраната, илјадници приврзаници на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, со денови се на улиците противејќи се на неговото апсење.
Имамоглу е обвинет за корупција и се смета за најголем политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На еден од протестите, маж облечен како дервиш, со гас-маска на лицето, танцувал пред полицискиот кордон.
Неколку минути подоцна, полициските сили употребиле спреј и водени топови.
Демонстрациите прераснаа во општи антивладини протести.
Извор: bbc.com/serbian
Фото: bbc.com/serbian/screenshot