Неверојатни скулптури направени од метален отпад

Неверојатни скулптури направени од метален отпад

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Што би направиле доколку имате непотребен отпад од метал? Некои луѓе би направиле уметност од него. Скулптурите од метал може да се направат со повеќе материјали, но најчесто се направени од бронза. За уметниците, како оние во продолжение, металот е само уште еден материјал за создавање уметнички дела, како што е златото или среброто.



Рускиот уметник Игор Верниј прави скулптури од метал кои изгледаат како живи. Тој посветува време на истражување на она што сака да го претстави во облик на скулптура за таа да изгледа реалистично. Верниј користи различен метален отпад, од стари автомобилски делови до кујнски прибор.



Оваа скулптура на бафало била направена од Џон Лопез од САД. За своите креации користи стар алат и машинерија, а неговите дела најчесто претставуваат класични американски теми.



Керен Кусолито ја направила оваа скулптура од жена користејќи отпад од метал. Скулптурата се нарекува „Екстаза“ и треба да го претстави чувството на страст и возвишеност. Скулптурата била наградувана на повеќе изложби, а во моментов се наоѓа во приватна колекција.



Верувале или не, оваа скулптура на Хулк е направена од метален отпад. Таа била направена од уметничкото студио „Бан Хун Лек“ и е висока 2,3 метра. Студиото често прави скулптури од познати ликови од филмовите, меѓу кои и од „Војна на ѕвездите“.


Фото: Athrobots

Оваа скулптура на скакулец е направена од метален отпад и стари куршуми. Ја дизајнирал и ја изработил Том Хардвиџ, кој прави вакви скулптури од 2010 година.



„Трансформерите“ се совршена инспирација за создавање уметност со метален отпад. Овие се направени од тајландското студио „Скрап метал арт Тајланд“, кое прави скулптури од стари метални уреди и алатки.



Турскиот уметник Гем Озкан успеал да направи скулптура од коњ користејќи метален отпад. Меѓу другото, тој направил и скулптури од астронаут и брод. Озкан ја направил скулптурата од коњ додека бил во третата година од студиите.

Автор: Кристофер Мекфеден
Извор: interestingengineering.com <