Дали знаете што е „фекстинг“? Овој вид комуникација сѐ почесто предизвикува караници во љубовните врски
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Сѐ повеќе партнери се расправаат преку пораки, феномен познат како фекстинг (од англ. fighting + texting). Иако на прв поглед изгледа како безопасна комуникација, експертите предупредуваат дека ваквиот начин на комуникација може сериозно да ги наруши односите во врската.
Американската психолог д-р Карла Менли објаснува дека најголемиот проблем со фекстингот е тоа што недостигаат клучните елементи на комуникацијата, како говорот на телото, тонот на гласот и физичката присутност.
- Без тие елементи, многу лесно доаѓа до недоразбирања, а напнатоста меѓу партнерите само се зголемува - вели д-р Менли.
Многу луѓе полесно се изразуваат преку пишување отколку во директен разговор, особено кога се фрустрирани. Но, токму тоа често доведува до емоционална дистанца. Една непрочитана или игнорирана порака може да се протолкува како одбивање, а непромислена реченица да остави длабока трага.
Паровите што имаат емоционална зрелост не бегаат од одговорноста за отворен разговор.
Докторката Менли советува несогласувањата да не се решаваат преку пораки, туку преку директен разговор - лице в лице или барем телефонски.
- Само на тој начин можеме јасно да ги искажеме нашите емоции и да избегнеме непотребни, погрешни толкувања - додава таа.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik