Сингапурска фирма создаде брз тест за ковид-19 преку здивот

Сингапурска фирма создаде брз тест за ковид-19 преку здивот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Компанијата „Бритоникс“ од Сингапур направи уред за тестирање присуство на ковид-19 за само 60 секунди. Уредот може да препознае ковид-19 само преку здивот.

„Бритоникс“ е компанија во сопственост на Националниот универзитет на Сингапур. Таа добила привремено одобрување за својот уред на 17 мај. Уредот е брз и евтин начин за тестирање за ковид-19, а не мора да се користи од обучени здравствени професионалци.


Фото: Breathonix

Тестовите со уредот чинат од 3,76 долари до 15,03 долари, во зависност од количината што се купува. Во моментов уредот дава точен резултат во 85,7% од случаите. Доколку некој добие позитивен тест, мора да се тестира со ПЦР-тест.

Ваквиот тест можеби ќе го олесни и забрза тестирањето за коронавирусот низ светот. Во меѓувреме, институции во други земји, меѓу кои и САД, Холандија, Индонезија и Јапонија, исто така работат на создавање тест за ковид-19 преку здивот.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com