Најпопуларни романи според земјата во која се одвива дејството

Најпопуларни романи според земјата во која се одвива дејството

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои романи се неразделно поврзани со одредени локации. Во многу случаи самата локација претставува протагонист чии интереси се испреплетени со човечките ликови и чие присуство се чувствува на секоја страница. „Неткредит“ создаде список со најпопуларните книги според земјата во која е сместено дејството. Анализата е направена според податоци од „Гудридс“.

Според анализата, најпопуларната книга чие дејство е сместено во Европа е „Вината е во ѕвездите“ (The Fault in Our Stars) од Џон Грин. Приказната во оваа книга се одвива во Холандија.


Фото: Pixabay

На листата се најде и „Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice) од Џејн Остин, која е најпопуларна книга чие дејство е сместено во Англија, како и „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Philosopher’s Stone) со дејство во Шкотска.

Во регионот, „Куќата на Ад“ (The House of Hades) од Марк Риордан е најпопуларна книга со дејство во Хрватска, „Линијата на погледот“ (Line of Sight) од Мајк Мајден е најпопуларна книга со дејство во Босна и Херцеговина, а „Скршениот април“ од Исмаил Кадаре е најпопуларна книга со дејство во Албанија.

На листата се најдоа „Мојата мачка Југославија“ (My Cat Yugoslavia) од Пајтим Статовци со дејство во Косово, „Преку мене мртов“ (Over my Dead Body) од Рекс Стаут со дејство во Црна Гора, „Градина, пепел“ (Garden, ashes) од Данило Киш со дејство во Србија, „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн со дејство во Грција, „Дракула“ од Брам Стокер со дејство во Романија и „Под јармот“ од Иван Вазов со дејство во Бугарија.

Најпопуларна книга сместена во Русија е „Злосторство и казна“ од Фјодор Михајлович Достоевски.

Автор: Ибен Дискин
Извор: matadornetwork.com