Бектеши: 320 илјади туристи во земјава со над милион ноќевања

Бектеши: 320 илјади туристи во земјава со над милион ноќевања

„Туризмот во светски рамки беше една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19 во изминатите две години“, рече министерот за економија Крешник Бектеши по повод Светскиот ден на туризмот и нагласи дека според последните статистички податоци, во периодот јануари - јули 2021 година бројот на туристите е зголемен за 56,6%.
Тој нагласи дека во истиот период, а во споредба со истиот период од претходната година, регистрирани се речиси 320 илјади туристи во земјата кои оствариле над еден милион ноќевања.

Министерот го пренесе овогодишното мото на Светската туристичка организација за Светскиот ден на туризмот, кое гласи „Tourism for inclusive growth- Туризам за инклузивен раст“.
- Затоа оваа година ние како Министерство за економија очекуваме од присутните претставници на коморите и здруженијата конкретни предлози и мерки за инклузивен раст и развој на туризмот во нашата земја во постковид периодот со цел надминување на сите предизвици - кажа министерот во своето обраќање.