Апликација им овозможува на луѓето да заработат преку одгледување дрвја

Апликација им овозможува на луѓето да заработат преку одгледување дрвја

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Оваа апликација им овозможува на луѓето да заработат преку одгледување дрвја и на тој начин помага во решавањето на два проблема: деградацијата на почвата и сиромаштијата.

Од 2015 година светот секоја година губи по 10 милиони хектари шума. Корисниците на „Greenstand's Treetracker“ редовно прават фотографии со локација од дрвјата што ги одгледуваат. Апликацијата ја пресметува вредноста за еколошкото влијание на секое дрво врз основа на локацијата и стапката на раст и тоа го конвертира во дигитални токени. Одгледувачите можат да им ги продадат овие токени на инвеститори на платформа на слободен пазар преку претворање на еколошкиот бенефит на секое дрво во дигитален капитал.

И одгледувачите во најзафрлените области во светот можат да генерираат приход.

Секоја година се губат 24 милијарди тони плодна почва и една третина од земјиштето на планетата сега е деградирано. Деградираното земјиште несразмерно ги погодува оние што живеат во сиромаштија и е закана за влошување на економската нееднаквост.



Корисниците на оваа апликација ќе помогнат во анулирањето на деградацијата, а дополнителните приходи може да им помогнат да создадат отпорност на ефектите на климатските промени.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pexels