Дури ни автомобил не може да ја убие оваа бубачка. Еве зошто

Дури ни автомобил не може да ја убие оваа бубачка. Еве зошто

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога ентомолозите првпат му кажале на Хесус Ривера дека црната бубачка може да преживее и ако биде прегазена од автомобил, тој не верувал.

Потоа направил експеримент и открил дека инсектот останал неповреден.

Ѓаволската метална бубачка (Phloeodes diabolicus) живее под кората на даб и други дрвја во западниот дел на САД, јадејќи ги габите што растат таму. Како и другите бубачки, и оваа глуми дека е мртва кога чувствува дека е во опасност. Но, иако оваа бубачка не е поголема од зрно ориз, може да ги издржи сила 39.000 пати поголема од нејзината телесна тежина, откриле истражувачите.

Во дополнителни експерименти Ривера, водечки автор и дипломиран студент во лабораторијата Кисаилус, и неговите колеги откриле дека цврстината и силата на бубачката произлегуваат од тоа што двете половини на нејзиниот надворешен оклоп на крилјата се поврзани како споени парчиња сложувалка. Заоблената форма на испреплетени лобуси и нивниот вистински број, околу 5, ги оптимизираат овие својства, пишуваат Ривера и неговите колеги во истражувањето објавено во списанието „Природа“. Покрај тоа, поддршката помеѓу оклопот на крилото и телото ги штити виталните органи при удар.

Научниците сега го користат дизајнот на бубачката за да создадат силни сврзувачки елементи со потенцијал за употреба во автомобилите, велосипедите, па дури и авионите.



Извор: Sciencemag.org
Фото: Jesus Rivera/Kisailus Biomimetics and Nanostructured Materials Lab/University of California, Irvine