Јапонија ќе ги штити патниците во возовите од смртоносни напади со чадори отпорни на нож
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Јапонската железница воведе чадори отпорни на остри сечила и ги распореди во околу 600 возови за да ја зголеми безбедноста на патниците по серија напади со нож.
Во регионот Кансај, една јапонска компанија воведува околу 1.200 чадори отпорни на нож во околу 600 возови. Овие чадори се за околу 20 сантиметри подолги од стандардните, со армирани настрешници и подебели рачки за подобра заштита.
Иницијативата доаѓа по серијата насилни инциденти во возовите, вклучувајќи го и нападот во јули 2023 година во кој беа повредени тројца патници.
Јапонската полиција уапси 37-годишен маж кој минатата година уби три лица во воз во Осака. Осомничениот носел три ножеви кога бил уапсен во станицата „Ринку Твон“ набргу по нападот. Меѓу повредените беа и 20-годишниот кондуктер во возот и двајца патници, на возраст од 23 и 79 години.
Чадорот отпорен на сечила е дизајниран да се користи како штит кога патникот ќе се соочи со напаѓач и е околу 20 сантиметри подолг од стандардниот чадор за да созсдаде растојание помеѓу жртвата и напаѓачот. Оваа дополнителна должина треба да обезбеди време за другите патници да избегаат на безбедно.
- Заштитните штитови што досега беа поставени беа пократки и потешки. Дизајниравме штит што е лесен за употреба и за жени - велат од железницата.
Обликот налик на чадор, наводно, го прави покомпактен, полесен и полесен за складирање и употреба од другите одбранбени алатки, како што е традиционалното јапонско оружје „сасумата“.
Насилниот криминал е редок во Јапонија, но загриженоста за случајни напади со нож ја поттикна управата на железницата да ги засили безбедносните мерки, па така железницата одлучи да постави и повеќе камери и да спроведе безбедносни вежби.
- Ќе вложиме дополнителни напори за да ја подобриме безбедноста на нашите патници пред саемот Осака-Кансај следната година - вели претставник на железницата.
Извор:
b92.net
Фото:
Twitter