Кои се придобивките од поминувањето време во тишина?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во френетичниот и хиперповрзан свет во кој живееме тишината стана скапоцено богатство кое е често занемарено, но нуди многу придобивки за нашето ментално, емоционално и физичко здравје.
Во време во кое доминираат бучава и дигитална стимулација, одвојувањето време за уживање во тишина може да донесе многубројни придобивки - од подобрување на концентрацијата и креативноста до намалување на стресот и анксиозноста.
Истражувањето спроведено од Националниот институт за здравје во Америка ги откри придобивките од тишината за физичкото и менталното здравје.
Еве ги главните предности на вокалното „постење“.
1. Го намалува крвниот притисок
Според едно истражување од 2005 година, учесниците што практикувале вокално „постење“ доживеале значителен пад на крвниот притисок.
2. Го намалува нивото на кортизол
Понатамошните наоди од 2021 година потврдија дека тишината помага да се намали нивото на хормонот на стрес кортизол.
3. Ги подобрува вештините за слушање
Психологот д-р Роберт Н. Крафт истакнува дека подолгите периоди на тишина може да ги подобрат способностите за слушање на поединецот.
Овие сведоштва ги истакнуваат повеќекратните придобивки од тишината за психофизичката благосостојба и важноста да се интегрира во нашиот секојдневен живот.
Додека вокалното „постење“ може да понуди предности, важно е да се земат предвид и недостатоците.
Покрај тешкотиите за јасно и брзо комуницирање, треба да се земе предвид и социјалниот ризик.
Според едно истражување од 2022 година, оние што помалку зборуваат може да се сметаат за помалку симпатични, и покрај тврдењето на д-р Крафт дека тишината ги подобрува вештините за слушање.
Дополнително, иако не е практично да поминувате долги периоди во тишина секој ден, повремено вклучување во оваа практика сепак може да биде корисно.
Запомнете дека вокалното „постење“ е лична практика и не постои правилен или погрешен начин да се направи тоа.
Непотребната бучава го исцрпува нервниот систем. Нека тишината биде ваш приоритет.
Кога сте тивки, можете да слушнете работи што не можете да ги слушате кога сте зафатени.
Извор:
Novilist.hr
Фото: Pexels