Домашна градина - зеленчук и растенија што можете да ги одгледувате дома

Домашна градина - зеленчук и растенија што можете да ги одгледувате дома

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Одгледувањето зеленчук во затворен простор во текот на зимата може да биде лесно и забавно, дури и за почетници. Следува листа со растенија и начини за успешно одгледување дури и во зима.

Мешавина од листови салата

Спанаќот, руколата и синапот (сенф) растат брзо и се идеални за почетници. Исто така, не бараат посебен третман.

Како да ги одгледувате?

-Користете квалитетна мешавина на почва за зеленчук и билки.
-Пополнете плиток сад со дренажни дупки со 5-8 см влажна почва.
-Сејте по целата површина, покријте со тенок слој земја, додајте вода и потоа покријте со пластична покривка додека семето не никне.
-Листовите од зелена салата ќе бидат подготвени за берба за 35-45 дена.

Сончогледот, пченичната трева и никулците се одлични опции


Како да ги одгледувате?

-Посејте го семето во плиток сад и покријте го книга.
-По 2-4 дена отстранете ја тежината, ставете го садот под светло и редовно прскајте со вода.
-Плодовите се подготвени за берба за 10 дена.

Грашок


Грашокот расте брзо (40 дена).

Како да одгледувате?
-Сејте го грашокот длабоко 2-3 см во квалитетна почва.
-Изберете џуџести сорти погодни за одгледување во садови и обезбедете потпора за „искачување“ на плодовите.

Брзорастечки билки

Свежите зачини како копар, коријандер и босилек ќе ги збогатат вашите зимски јадења.

Како да ги одгледувате?

-Копарот и коријандерот најдобро растат кога густо се сеат во плиток сад.
-Засадете босилек поединечно за да може да се разгранува.

Морков

Морковите се идеални за одгледување во саксии со различни големини, не им треба посебна грижа, на крајот ги вадите од земја.

Како да го одгледувате?

-Користете сад длабок најмалку 20 см.
-Сејте го семето густо, покријте го со тенок слој земја и редовно одржувајте ја влажноста на земјата..
-Морковите ќе никнат за 10-12 дена и ќе бидат подготвени за берба за 60-75 дена.

Кељ

Кељот е отпорно растение кое дава континуиран принос. Може да се пресади во градина на отворено во пролет.

Како да го одгледувате?

-Ставете 1-2 семиња по група во почетен сад.
-Пресадете во поголеми саксии кога растенијата ќе пораснат 10 см.

Краставици

Изберете сорти погодни за одгледување во помали садови.

Како да ги одгледувате?

-Користете подлога и покријте го садот со пластичен капак за побрзо 'ртење.
-Засадете по едно семе во група и обезбедете потпора за „искачување“ на плодовите.


Извор: n1info.hr

Фото: Freepik