Ова се најопасните градови во светот: Дестинации што треба да ги заобиколат и најхрабрите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
За љубителите на патувањата, дури и за најголемите авантуристи, постојат дестинации во светот што не се толку безбедни. Всушност, најопасните градови во светот мамат со својата локација или атрактивност, но во некои од нив не само што ќе бидете ограбени, туку може и животот да ви биде во опасност.
На овие дестинации, дури и кога ќе помине пандемијата, не одете како слободни туристи пред да добиете детални информации. Најдобрата опција во повеќето случаи е да ги следите предупредувањата на водичите.
Кејптаун
Во најјужната африканска држава се наоѓа Кејптаун. Тешко е да се одолее на неговата убавина, но овој
град е еден од најопасните во светот. Тука доминирала институционализираната расна сегрегација во општествениот и политичкиот живот од 1948 до 90-тите години, па владата одлучила да забрани расно мешање и брак и ги раздели црнците ставајќи ги во подредена позиција како слуги на белците.
Сега, и по три децении, последиците од апартхејдот се забележливи, а Јужна Африка разви најголема стапка на криминал. Сепак, тука се претставени одредени војни меѓу бандите и одредени области на Кејптаун, така што ризикот за туристите е минимален, освен ако не талкаат во опасни населби.
Детроит
Детроит се смета за најопасен град во САД. Таму стапката на криминал е петпати поголема од националниот просек. Имено, Детроит беше несудена жртва од атомскиот напад за време на Студената војна. Град на културата, музиката и ноќните клубови, но исто така стана град на расни немири во 1967 година.
Така, луѓето почнале да го напуштаат градот, а почнале да се создаваат и банди кои се криеле во темните улици. Денес таму живеат само 700.000 жители. Иако градот го чува полицијата, најмногу самоубиства се случуваат меѓу припадниците на полицијата.
Акапулко
Некогаш најатрактивна туристичка дестинација во Мексико, Акапулко стана град со најголем број убиства и речиси целиот град е претворен во наркокартел. Не е реткост мафијата да влезе во кафуле и да изврши масакр со огнено оружје, без да ги избира жртвите. Рајот за туристите стана пекол кога локалната полиција стана дел од корумпираниот систем. Не е невообичаено полицијата да ограбува и да уценува со заплашување.
Сан Педро Сула
Во Хондурас, градот Сан Педро Сула е едно од најопасните места во светот. Трговијата со оружје цвета, па затоа не е изненадувачки што овој град се наоѓа на списокот со градови што имаат најголем број убиства. Само во 2012 година биле евидентирани повеќе од 7.000 жртви. Тука, покрај нелегалната трговија со оружје, цвета и трговијата со кокаин.
Градот е еден од најсиромашните во Јужна Америка откако бил погоден од силен ураган во 1998 година.
Кабул
Авганистан - земјата на вечна војна - отсекогаш бил предмет на антрополози, историчари и воени аналитичари, а главниот град Кабул е еден од најопасните градови во светот поради политичко-воените превирања и доминацијата на талибанското движење регулирано со шеријатските закони.
Поради екстремистичкиот став и пристапот кон исламската религија, жените не можат слободно да шетаат по улиците на Кабул. За љубопитните туристи, пристапот е речиси невозможен, а само најупорните, најмногу репортерите, можат да го посетат градот со строга придружба.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik