Прекрасни изолирани места во шуми што нудат престој за двајца
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Можете да престојувате во хотел со 5 ѕвезди, но дали ќе се сеќавате на него подоцна? Животот е многу краток за да биде досаден.
Локациите дадени во продолжение овозможуваат изолација од различен вид со прекрасни ентериери опкружени со најживописната природа. Овие интимни скривалишта овозможуваат совршено бегство од остатокот од бурниот свет каде што можете да се фокусирате на она што е всушност важно.
Секако, овде станува збор за локации за престој на две лица. Кого ќе поканите, зависи од вас, но ве советуваме да направите мудар избор.
Прекрасна дрвена кабина во Полска
Оваа кабина е специјално дизајнирана за да ве ослободи од сите работи што ви го одвлекуваат вниманието. Кабината се наоѓа во приватна шума, на само 50 километри од главниот град и нуди огромен прозорец свртен кон дрвјата.
Коцка од огледало, Шведска
Ова место е тешко да се најде бидејќи практично е невидливо меѓу дрвјата во Северна Шведска. Ѕидовите од огледалата на стаклената кутија ја рефлектираат природата, со што коцката е совршено маскирана.
Куќа на дрво „Монбазилак“, Франција
Оваа затскриена куќа е сместена меѓу костени и дабови и е повеќе замок отколку кабина. Моделирана по традиционален француски замок, за куќата било искористено нетретирано, локално избрано дрво.
Куќа на дрво „Здив“, Полска
Куќичката се наоѓа на место што привлекува уметници и естетски чувствителни луѓе. Околу куќичката се наоѓаат шуми, клисури и одлично вино, а на средината е вистинскиот скапоцен камен, малото гратче Казимиерц Долни.
„Хамбл би“, Велика Британија
Ова „скромно“ живеалиште се наоѓа во шумата Девон, а вашата домаќинка Ивет, која е сопственичка на галерија и уметница, го дизајнирала ова трикатно „улиште“ што совршено се вклопува во околината.
„Свинис екоколиба“, Австралија
Оваа колиба била инспирирана од класичната шаторска рамка „А“, но сличноста застанува тука. Овој соларен погон има модерни ентериери и сè што ви треба за да живеете далеку од метежот и сообраќајот, на врвот од ридот.
„Моињо да Фадагоса“, Португалија
Ова не е сцена од филм за Нарнија. Може да се каже дека еден локален жител ја спасил оваа руинирана воденица на еден рид во централна Португалија откако била недопрена цел век. Денес, гостите се дочекани од домаќинот Симон и Фиона. Кога ќе влезете, ќе се изненадите кога ќе видите колку е удобно местото.
Куќичка на дрво во Велика Британија
Тешко е да се поверува дека обична куќичка на дрво нуди и сауна. Оваа куќичка навистина има сè што ви е потребно за да се опуштите и да поминете квалитетно време со личноста со која сакате. Куќичката нуди топла када на палубата, сауна на покривот, туш на отворено и џиновска бакарна када.
Екоодморалиште „Уламан“, Бали
Можете да
престојувате во луксузно одморалиште во Бали, минус вината за влијанието врз животната средина. Ова одморалиште е опкружено со недопрена шума од џунглата, оризови полиња со поглед на планината Батукару и бујни тропски овошни дрвја.
Сфери „Фри спирит“, Канада
Ако не можете да летате како птица, можете да спиете во една од овие жолти сфери од фибер-стакло што се наоѓа помеѓу дрвјата. Иако на почеток може да ви биде малку тесно, ќе сфатите дека всушност е пријатно и има сè што ви е потребно за вашиот престој.
Извор:
Bored Panda
Фото: Freespiritspheres.com