Цените на основните прехранбени производи ќе бидат замрзнати до 31 јануари
Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалаци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи вчера Владата.
Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во соопштението, е во интерес на граѓаните поради претстојните новогодишни и божиќни празници.
- Според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари. Станува збор за белиот ориз, пченично брашно - тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка - се наведува во соопштението.
До 31 јануари остануваат замрзнати и цените на негазираната и газираната вода, одредени видови негазирани и газирани пијалаци и пивото.
Извор: МИА